Татјана Јованчевиќ многумина ја паметат по учеството во реалното шоу „Големиот брат“ во кое учествуваше пред 10 години.
Вниманието во јавноста таа го привлече поради болеста на 23 години кога и била и ампутирана ногата, а седум години подоцна преживеа вистински пекол.
Имено таа во 1996 година останала без својата нога откако и дијагностицирале тумор во коленото.
Нејзината мајка за време на нејзиното учество во реалното шоу раскажа и страшни детали за нејзиното детство.
Како што Гордана тогаш раскажала нејзината ќерка Татјана на 16 години била чувана три месеци во подрум од страна на нејзините баба и дедо, а потоа успеала да избега.
Од друга страна нејзиниот татко за кого таа и нејзината мајка тврдеа дека ги избркал на улица во 2009 велеше дека тоа се измислици.
Татјана денеска работи во козметички салон, а овие денови е повторно во центарот на вниманието поради тоа што преку социјалните мрежи се бара апел за помош откако и се вратил ракот на дојката.
-На нашата Татјана пред два месеци и е откриен тумор на дојката. По мачните прегледи таа е оперирана и отстранета и е едната дојка. За десетина дена започнува и првиот циклус на хемотерапија, на Татјана ова и е втор пат што се бори со пеколната болест, па затоа овој пат и е потребна материјална помош. Ве молиме сите да помогнете да оваа болест полесно ја преброди, стои во објавата која се шири на социјалните мрежи.