среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Без брада: Глумецот Џејсон Момоа се избричи по 7 години

Без брада: Глумецот Џејсон Момоа се избричи по 7 години

На огромно изненадување на обожавател(к)ите, глумецот Џејсон Момоа ја избричи својата седум години стара брада и доби нов изглед, што секако, предизвика различни реакции.

Актерот, кој според многумина е најубавиот маж на денешнината, фановите тешко можат да го замислат без брада. Таа беше негов заштитен знак и можеби главна причина за култноста на неговите улоги, како што се Кал Дрого во „Игра на престолите“ или Артур во „Аквамен“.

Тој објави и видео по повод збогувањето со сите тие свои ликови.

Според коментарите на интернет, луѓето ги прифаќаат промените кај актерот, но има и такви на кои ќе им недостасува стариот препознатлив Момоа.

Најнови вести