Милијардерот Џеф Безос (58) и неговата партнерка Лорен Санчез (52) се појавија на премиерата на новата серија „Господарот на прстените: Прстените на моќта“ на Лестер Сквер во Лондон. Парот им позираше на фотографите на црвениот тепих, а на некои фотографии се гледа како новинарката носи огромен свршенички прстен. Дали се свршиле или тоа е само подарок, засега е непознато.
Парот насмеано позирал во своите елегантни комбинации. Безос за оваа пригода носел црн костум и бела кошула, додека неговата сакана блескала во тесен црвен фустан на едно рамо.
Иако не е познато кога точно бизнисменот почнал да излегува со Санчез, тие наводно се заљубиле додека тој сè уште бил во брак со поранешната сопруга Мекензи Скот. Тој се разведе од неа во 2019 година и тоа е еден од најскапите случаи на развод на сите времиња.
За време на романсата, Санчез беше во брак со извршниот директор на холивудската агенција ВМЕ, Патрик Вајтсел.