понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Безос продаде милион акции на Amazon за 3,1 милијарда долари

Безос продаде милион акции на Amazon за 3,1 милијарда долари

Основачот и директор на Amazon, Џеф Безос во првите денови од август продаде милион акции на компанијата за 3,1 милијарди долари, објави Forbes, повикувајќи се на документацијата доставена до Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ).

По плаќањето данок, најбогатиот човек на светот ќе има околу 2,4 милијарди долари.

Безос ги продаде акциите по цена од 3,10 до 3,18 долари по акција, покажуваат податоците на СЕЦ. Forbes пишува дека не е познато зошто Безос ги продал акциите.

Fox Bussiness меѓутоа, наведува дека Безос во последните години редовно продава акции на Amazon за финансирање други бизниси. Телевизијата потсетува дека Безос ветил дека ќе собере најмалку милијарда долари секоја година со продажба на акции за финансирање на Blue Origin, неговата приватна фирма за вселенски туризам и истражување.

Безос го задржа првото место на најновата листа на Forbes на најбогати луѓе во светот, со проценето богатство од над 189 милијарди долари.

Минатата недела Amazon објави дека оствариле приходи од 88,9 милијарди долари во вториот квартал, 40 проценти повеќе отколку во истиот квартал една година порано, а профитот изнесува 5,2 милијарди долари, што значително ги надмина очекувањата на Вол Стрит.

Акциите на Amazon оваа година се зголемија за 73 проценти.

Најнови вести