Илда Шаулиќ веќе подолго време е во брак со Бојан Вучковиќ, со кој има и ќерка, а нивниот брак важи за еден од најхармоничните на јавната сцена.
Сепак, пред Бојан, Илда имала врска со маж кој наводно бил повеќе од 30 години постар од неа, што не ги спречило да бидат заедно десет години и да уживаат во голема љубов, иако нејзините родители биле против таа врска.
View this post on Instagram
– Неговата возраст никогаш не ми пречеше, напротив. За да функционира добро врската, мажот мора да биде постар од партнерката, бидејќи е позрел и знае што сака од животот – изјавила Илда во една своја прилика, која својот поранешен партнер го запознала преку заеднички пријатели.
Тој наводно бил успешен бизнисмен и ја освоил со сите квалитети кои некогаш ги барала кај мажот.
View this post on Instagram
– Бев млада, имав 20 години. Бидејќи секогаш ги ценев мажите со карактер, мојот поранешен партнер веднаш ми го привлече вниманието со неговата силна личност. Може да се каже дека тоа беше љубов на прв поглед, која со текот на времето растеше во интензитет. Иако многумина, како мене, веруваа дека таа ќе се закити со брак, за жал, дојде до разделување. Сега продолжувам понатаму. Најважно е што останав во добри односи со бившиот партнер и дека во него ќе имам заштитник кога и да ми затреба – изјавила пејачката, а како причина за раскинувањето на таа врска кажала дека и здосадило чекањето.
View this post on Instagram
– Некои работи не се случија во вистинско време. Кога нашата љубов беше на врвот и кога најмногу сакав брак, семејство, деца, мојот партнер не беше подготвен за тоа. Потоа влегов во светот на музиката и бев зафатена со мојата кариера. Набргу потоа сакаше се што јас сакав претходно, но мојот живот во тој момент имаше друга смисла – рекла Илда и заклучила:
– Доколку долгогодишната врска не ја крунисате со брак во моментот кога чувствувате потреба за тоа, таа најчесто пропаѓа.
View this post on Instagram