недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бил во врска со 18 години постара колешка: Целиот Балкан зборувал за љубовта меѓу српскиот актер и Хрватката, но една реченица го разбеснила

Бил во врска со 18 години постара колешка: Целиот Балкан зборувал за љубовта меѓу српскиот актер и Хрватката, но една реченица го разбеснила

Актерот Милан Мариќ ужива во љубовта со ќерката на колегата Драган Бјелогрлиќ, убавата Миа, а пред неа бил во врска со 18 години постарата колешка, па поради разликата во годините неретко биле мета на јавноста.

Милан Мариќ ги освои срцата на публиката и стекна голема слава со главните улоги во многу домашни филмови и серии, но, како што самиот изјавил, своевремено бил „главна вест“ во хрватските медиуми поради врската со колешката Нина Виолиќ.

Нина е популарна телевизиска и театарска актерка од Хрватска, чиј љубовен живот се нашол во центарот на вниманието кога се појавила на премиера на извесен филм со 18 години помладиот актер.

Милан и Нина се запознале во Белград во 2014 година, кога актерката го посетила градот, како би ја извела претставата „Како преживеавме“.

Романсата ја продолжиле во Загреб, кога Милан го глумел Гаврило Принцип во претставата „Овој гроб е премал за мене“. Наводно, Новата 2015 година заедно ја дочекале во родната Риека на Нина.

Поранешните партнери биле во врска 6 месеци, а Мариќ за тоа проговорил само еднаш, а потоа нагласил дека не му е пријатно што нивната врска е толку интересна за јавноста.

„Во принцип, јас сум затворена личност и не сакам да зборувам премногу за себе. Тогаш не ни знаев дека ќе привлечеме толку многу медиуми. Беше повеќе присутно во хрватските медиуми, бидејќи таа живее таму. За среќа, во Србија малку нè одмина. Но, контекстот во кој нè ставија беше навистина ужасен. Бев премногу бесен: „Хрватска „кугуарка“ заведе млад актер“, изјавил Милан Мариќ за „Блиц“ пред неколку години.

Најнови вести