Познатата српска пејачка Зорица Брунцлик сите ја препознаваат по уникатната боја на коса и имиџ која не го променила речиси со години наназад.
Како се менуваше времето во минатото така се менуваше и нејзината боја на коса, но очигледно розовата боја и остана како најомилен стил со години наназад.
Српските медиуми овие денови пронајдоа фотографии од пејачката како млада убава Југословенка која речиси е непрепознатлива со црна природна боја на коса.
На естрадата пејачката се појавила со шишки, а од тогаш па се до ден денес тие се нејзин заштитен знак.