Иако неодамна ја обои косата сина, пејачката Били Ајлиш ги изненади своите обожаватели со драстична промена во својот изглед.
Таа ја обои косата во темно кафена боја и се пофали пред своите следбеници. Покрај тоа, таа ја скратила и косата.
Дали ви недостигав?, напиша Били во описот на фотографијата.
Нејзината фотографија за еден ден доби повеќе од 12 милиони лајкови, а под неа следеа само реакциите на воодушевените обожаватели.
„Што?“, „О Боже“, „Нема шанси“, „Ох, ти си толку добрa“, „Преубава“, „Ова изгледа премногу добро“, „Дали е ова реално?“, „Те молам дај повеќе слики „. , „Во овој момент те има само тебе и светот околу тебе“, „Врискам“, „Омажи се за мене“, напишаа нејзините фанови.