среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Битката станува се пожестока: Мајката на Гудељ со директна порака за Анастасија: Ти си зло за мојот син?!

Битката станува се пожестока: Мајката на Гудељ со директна порака за Анастасија: Ти си зло за мојот син?!

Мајката на српскиот фудбалер, Немања Гудељ, Оливера Гудељ повеќе не крие дека е против врската на нејзиниот син и српската пејачка Анастасија Ражњатовиќ. Таа на денот кога српската фудбалска репрезентација се врати во Белград, откако доживеаа дебакал на светското првенство во Катар се огласи на Инстаграм.

Имено таа објави на Инстаграм-стори порака која беше упатена кон нејзините деца, во која се вели дека мајката знае кој и посакува зло на своите деца.

Многумина кои се упатени во оваа врска, знаат дека таа повеќе не ја поддржува врската на нејзиниот син со Анастасија, а кога ја објавила оваа порака мислела на неа.

-Мајката секогаш знае се. Кој ви е пријател, кој ви мисли добро, а кој ви мисли зло. Таа тоа го осеќа. Чувајте си ја мајката, се вели во пораката која ја објави Оливера Гудељ.

Извор за еден српски медиум вели дека, Оливера не и било сеедно кога дознала дека нејзиниот син во 24 часа колку што беа во Белград, ќе ги помине само со Анастасија, во чија куќа и преспал.

По 24 часа тие отпатуваа во Севиља, бидејќи Гудељ морал да се врати на обврските во својот фудбалски клуб, а Анастасија му правела друштво, а то и засметало на мајката на Гудељ.

Судејќи по фотографиите, разидувањето помеѓу семејството Гудељ и Анастасија не го расипува односот на Немања со Анастасија, но како што вели изворот, таа сакала тој да ја реши оваа ситуација.

FOTO: NEMANJA NIKOLIĆ, EPA/RAUL CARO, PRINTSKRIN/INSTAGRAM

Најнови вести