понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бившата девојка на Саша Ковачевиќ го покажа трудничкото стомаче: Јована е преубава трудница (ФОТО)

Бившата девојка на Саша Ковачевиќ го покажа трудничкото стомаче: Јована е преубава трудница (ФОТО)

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ, Јована Јоциќ, веќе подолго време е во врска со неговиот колега Владан Савиќ, со кого објави дека сега е и бремена.

Преубавата Јована и фронтменот на „Магла бенд“ го чекаат своето прво дете, а сега убавата трудница откри и дека чека девојче.

„Ние двете“- напиша кратко Јована покрај фотографијата на својот Инстаграм профил.

Таа позирала во тесно кратко мини фустанче, под кое и се отцртува трудникото стомаче, во исто време покажувајќи го и своето совршено тело, кое изгледа како извајано дури и кога е во блажена состојба. Обуена во сандали со високи потпеци, нејзините долги нозе доаѓаат до израз во прв план, па судејќи по оваа фотографија, нема сомневање дека до крајот на нејзината бременост, Јована ќе остане вистинска убавица.

Да ве потсетиме, Јована и Владан ја започнале врската на почетокот на 2017 година, откако таа раскина со бившото момче.

Атрактивната манекенка претходно беше четири години во врска со пејачот Саша Ковачевиќ.

Најнови вести