вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бизарна забрана која мора да се почитува: На Кејт Мидлтон ѝ е забрането да јаде компири, наредбата доаѓа од кралицата Елизабета

Бизарна забрана која мора да се почитува: На Кејт Мидлтон ѝ е забрането да јаде компири, наредбата доаѓа од кралицата Елизабета

Војвотката од Кембриџ мора да се придржува до бројни правила како членка на кралското семејство, а едно од најчудните е тоа што во чинијата на Кејт Мидлтон никогаш не може да се најдат компири – забрането е, пишува британски „Експрес“.

Сопругата на принцот Вилијам „истражувала“ пред да се приклучи на кралското семејство, проверувала што ќе ѝ биде дозволено, а што не. Таа брзо се уверила дека да се биде војвотка не е воопшто лесно, бидејќи овој статус подразбира многу необични ограничувања.

Додека обожавателите ја фалат војвотката од Кембриџ за нејзината „рамнотежа и пристојност“ што ја издигнува, како што велат, над Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, како и затоа што секогаш се однесува како совршен член на кралското семејство, Кејт секојдневно води тешки битки: Да се биде Кејт Мидлтон секако има свои предности, но војвотката е ограничена со долга листа на кралски правила што мора да ги почитува.

На списокот што не смее или што мора задолжително да прави, а којшто постојано мора да го проверува, меѓу другото, има забрана за правење селфи, посебен бонтон пред спиење и – забрана за јадење компири!

Ова е само една од многуте бизарни наредби кои мора да се следат, а кои ги вовела кралицата Елизабета Втора. Според нејзината наредба, јаглехидратите биле исфрлени од кралското мени.

Готвачот на кралицата Дарен Мекгрејди, кој работел во Бакингемската палата од 1982 до 1993 година, потврдил за британски „Телеграф“ дека, покрај компирите, рампата секогаш е крената и пред оризот и тестенините.

Според неговите зборови, кралицата Елизабета не е љубител на јаглехидрати „бидејќи се ризични“, па затоа никогаш не се присутни на трпезата на ниту еден член на кралското семејство, вклучително и на војвотката Кејт Мидлтон.

Инсајдерите велат дека Кејт отсекогаш обожавала јадења со тестенини, па правилото го прекршила правејќи домашни тестенини за прославата на петтиот роденден на принцезата Шарлот во 2020 година. Што ѝ се случило потоа не се знае, но факт е дека тоа никогаш повеќе не ѝ паднало напамет!

Најнови вести