недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Близок извор до кралското семејство: Кејт Мидлтон тајно му се јавила на принцот Хари доцна во ноќта

Близок извор до кралското семејство: Кејт Мидлтон тајно му се јавила на принцот Хари доцна во ноќта

Кејт Мидлтон неодамна му се јавила на својот девер, принцот Хари, „доцна во ноќта“, со желба да направи еден „љубезен гест“, со кој ќе ги поправи неговите нарушени односи со британското кралско семејство, пишува британски „Клоусер викли“.

„Кејт го исконтактира Хари за да му каже да ја крене главата и да не се грижи премногу за овие привремени неуспеси“, тврди неидентификуван извор за овој медиум.

Изворот, исто така, потврди дека и покрај семејните несогласувања, врската на Кејт Мидлтон и принцот Хари „останала недопрена“.

„Во моментов, таа многу жали за него. Многу е тешко да се сведочи низ што минува и тоа ја трогна – особено затоа што неговото судење се одржува во близина на нивниот дом“, продолжи изворот.

Како потсетување, принцот Хари во јуни беше во Лондон за да сведочи против британскиот весник „Дејли мирор“, кој го обвини дека неговите новинари му го хакирале телефонот пред неколку години.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл доживеаја голем број разочарувања во последниве месеци, вклучително и прекинот на соработката со „Спотифај“, откако потпишаа договор вреден 20 милиони долари во 2020 година.

Односите на принцот Хари со неговото семејство беа затегнати со години, особено откако во јануари годинава ги објави мемоарите „Spare“, во кои го нарече својот брат, принцот Вилијам, негов „најголем непријател“.

Минатата година, принцот Хари и Маркл ја објавија и документарната серија на Нетфликс – „Harry & Meghan“, во која детално опишаа зошто решиле да се откажат од кралските должности во 2020 година.

Според изворот на „Клоусер викли“, иако Кејт му пружила рака за мир на Хари, тоа не значи дека нејзиниот сопруг принцот Вилијам е подготвен да се смири со својот брат.

„Ова е екстремно чувствителна и деликатна ситуација меѓу многу други високи членови на кралското семејство, особено Вилијам, кој многу јасно стави до знаење дека сè уште не е подготвен да преговара со Хари за смирување“, објасни изворот.

„Кејт сака да одржува комуникација и да го отвори патот за долгорочен мир со целото семејство – вклучувајќи го и Вилијам“, продолжи изворот, истакнувајќи дека таа сака да му даде до знаење дека има луѓе кои се грижат за него.

Да потсетиме, на принцот Хари неодамна му беше одземена титулата „Неговото кралско височество“ од веб-страницата на кралското семејство.

Најнови вести