четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Богатството расте на товар на коронавирусот: Оваа споредба најдобро покажува колку “тежи“ најбогатиот човек на светот

Богатството расте на товар на коронавирусот: Оваа споредба најдобро покажува колку “тежи“ најбогатиот човек на светот

Богатството на Марк Цукерберг изнесува неверојатни 70 милијарди долари, но ако сака да го престигне најбогатиот човек на светот, му требаат уште толку – 70 милијарди долари.

Компанијата „Фејсбук“ уште на почетокот од оваа година е во минус, но тоа не е некаква новост. Слична е ситуацијата со поголемиот дел од компаниите кои што станаа жртви на коронавирусот кој што за толку кратко време целосно го смени начинот на кој што живееме и работиме.

Со падот на вредносните акции на „Фејсбук“, се намали и богатството на основачот на компанијата – Марк Цукерберг.

Во однос на почетокот на годината, според вчерашните податоци Mарк е во минус речиси 8.5 милијарди долари, но и покрај тоа не мора да се грижите за неговиот паричник зошто тој и понатаму тежи речиси 70 милијарди долари.

Интересно е тоа што и еден таков богаташ во ‘битката’ е многу далеку од најбогатиот човек на светот.

Според информациите на „Bloomberg“ листата за најбогатите луѓе на светот, тој треба да го дуплира своето богатство и да ја надмине бројката од 140 милијарди долари.

Токму толку моментално изнесува богатството на извршниот директор на компанијата „Amazon“ – Џеф Безос.

Од почетокот на годинава Безос е еден од ретките милијардери кој што го зголеми своето богатство.

Поголемиот дел од останатите милијардери моментално се во минус, но Безос успеа да го зголеми своето богатство за дури 25 милијарди долари.

Причината за таквиот резултат е тоа што побарувачката на „Amazon“ е многу зголемена поради коронавирусот. Наместо да одат на шопинг, луѓето во текот на пандемијата нарачуваат по пат на интернет, а голем број од нив тоа го прават токму на „Amazon“.

Според листата на „Bloomberg“ за најбогатите луѓе во светот, на прво место се наоѓа Џеф Безос со 140 милијарди долари, потоа Бил Гејтс со 105 милијарди долари, па Бербард Арнаулт со 80.7 милијарди долари, па Варен Буфет со 73.7 милијарди долари, додека пак Марк Цукерберг се наоѓа на петтото место со 69.9 милијарди долари.

Најнови вести