Вчеравечер македонската естрадна ѕвезда Бојана Скендеровски имаше свој настап во познат локал во Тетово.
Локалот беше преполн со гости кои дојдоа за да уживаат во настапот на Скендеровски.
Во изјава за Курир, Бојана Скендеровски вели:
Тетовчани се одлична публика за настап. Навистина за мене беше чест да бидам со нив вчеравечер. Тетовчани се пример за тоа како се сака, љуби и негува македонската песна – изјави Скендетовски.
Бојана Скендеровски е позната во јавноста и по преработката на македонската патриотска песна Море сокол пие, за која Скендеровски сними и одличен спот.