понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе – Додека едни го поддржуваат, други велат дека домашните изведувачи нема што да понудат

Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе – Додека едни го поддржуваат, други велат дека домашните изведувачи нема што да понудат

Неодамна, Игор Џамбазов го искористи своето интернет ќоше за да изрази незадоволство за третманот кон македонските музичари. Преку својот инстаграм – профил Џамбазов им се обрати на сите сопственици на дискотеки и локали кои како што вели тој „ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот“:

-ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ДИСКОТЕКИ И КЛУБОВИ КОИ АНГАЖИРААТ ПОЛУАНОНИМНИ ПЕЈАЧКИ ОД БАЛКАНОТ, СО ЕДНА И ПОЛ ПЕСНА ВО КАРИЕРАТА, А ГИ ПЛАЌААТ 5 (И СО БУКВИ ПЕТ) ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ ИЗВЕДУВАЧИ, ИЧ ДА НЕ МЕ БАРААТ ЗА НАСТАП СО МОЈОТ БЕНД. ЗА ВАС ДЕЧКИ СУМ НЕДОСТАПЕН…ДУР СУМ ЖИВ. ОБЈАВИ ЏАМБАЗОВ И НАПИША „НАЗАД ВО РЕЛАНОСТА.

По објавата следуваше лавина од коментари и поддршка од бројните следбеници на актерот, неговите колеги и пријатели. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да ја обработи оваа тема, се со цел да го види ставот на македонските изведувачи поврзани околу истото

Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе – Додека едни го поддржуваат, други велат дека домашните изведувачи нема што да понудат.

Игор Џамбазов изреволтиран додаде: Не да не ме канат, нека не ми се јавуваат воопшто. Јас сум за нив умрен човек.

Најнови вести