среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Болдвин исплашен од тужбата на Хачинс: Се надева дека нема да одговара кривично за смртта на Халина

Болдвин исплашен од тужбата на Хачинс: Се надева дека нема да одговара кривично за смртта на Халина

Алек Болдвин уште еднаш се осврна на трагедијата на сетот што се случи лани во октомври за време на снимањето на вестерн-филмот „Рѓа“, која резултираше со смрт на снимателката Халина Хачинс, а во несреќата беше повреден и режисерот Џоел Соуза.

Имено, актерот и неговиот адвокат се надеваат дека нема да одговара кривично за смртта на Халина.

-Постојат две жртви и никој друг не е жртва. Некои луѓе не се толку заинтересирани да дознаат што навистина се случило, го започна Болдвин својот говор на меѓународниот филмски фестивал во Колорадо.

Тој додаде дека смета дека некои тужби се поднесени исклучиво од финансиски причини.

-Целата моја кариера, без инциденти, се потпирав на безбедносни експерти за да го прогласат пиштолот безбеден за употреба и никогаш немав проблем, а ова ми се случи, изјави Болдвин, кој од почетокот тврди дека е невин, а во едно интервју дури и кажа дека не го повлекол чкрапалото.

Семејството Хачинс поднесе кривична пријава против Болдвин, како и против другите одговорни за безбедноста на сетот.

Најнови вести