четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Болдвин по трагедијата: Полиција треба да ја надгледува безбедноста на оружјето на филмски сетови

Болдвин по трагедијата: Полиција треба да ја надгледува безбедноста на оружјето на филмски сетови

Додека Холивуд размислува за нови безбедносни мерки по фаталното пукање на снимањето на вестернот Rust, актерот Алек Болдвин изјави дека филмските и ТВ продукциите треба да ангажираат полицајци да го надгледуваат оружјето на сетови.

Според канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, Болдвин случајно ја застрелал и ја убил снимателката Халина Хачинс со пиштол со кој вежбал за сцена со пукање, а за кој му било кажано дека е безбеден.

Властите се обидуваат да утврдат како вистински куршум се нашол во пиштолот што му го дале на Болдвин.

Инцидентот се случи на 21 октомври.

Во меѓувреме, продуцентите и актерите размислуваат дали треба да се преземат нови чекори за да се спречи слична трагедија во иднина. Болдвин смета дека продукциите треба да ангажираат полиција за да се осигураат дека пиштолите што се користат при снимањето се безбедни.

Најнови вести