Поранешната Бонд девојка Олга Куриленко (40) е позитивна на коронавирус, јавуваат светските медиуми. Вирусот и бил дијагностициран откако имала чувство на замор и зголемена телесна температура. Сега таа се наоѓа во изолација.
-Се заклучив дома откако дознав дека сум позитивна на коронавирус. Всушност болна сум веќе една недела. Температурата и заморот се моите симптоми. Внимавајте на себе и сфатете го ова сериозно, напиша таа на социјалните мрежи.
Последниот филм кој Олга го работела беше трејлерот „The Bay Of Silence“.
Олга играше со Даниел Крег во филмот за тајниот агент 007 во 2008 година каде ја имаше улогата на Камила Монтес.