Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, бил донесен во Белградскиот центар за итни случаи со брза помош синоќа во доцните вечерни часови.
Во придружба на менаџерот и пријател Бане Обрадовиќ, пејачот бил примен во собата за итни случаи, а по неколку часа бил пуштен од болница.
Според информациите на „Блиц“, Ѓорѓевиќ бил примен поради уролошки проблеми, но по лекарски преглед било утврдено дека може да биде пуштен на домашно лекување.