сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брајан Адамс предизвика контроверзии на Твитер

Брајан Адамс предизвика контроверзии на Твитер

Рок-ѕвездата од 1980-тите и 90-тите, Брајан Адамс предизвика лавина реакции на Твитер со една вчерашна негова гневна објава.

„Вечерва требаше да почне серијата свирки на @royalalberthall , но поради некои е**ни луѓе кои јадат лилјаци, продаваат животни на пазари за сирово месо и алчни копилиња што создаваат вируси, светот е стопиран. Да не говорам за илјадниците луѓе кои страдаат или веќе починаа. Мојата порака до сите нив, освен ’Фала многу, е дека ќе станам веган“, објави пејачот на Твитер.

Со тоа, тој предизвика и позитивни, и негативни коментари. Некои ова го протолкуваа како расизам и ксенофобија кон Кинезите, иако тој никаде не ги спомнува. Имаше и такви кои го поддржуваат рокерот.

„Брајан Адамс без такт си го гризна стапалото, но поимот расизам не ми падна на ум. Кина заслужува и повеќе критики кон нивната Влада, која ги игнорира опасностите од пазарите за сирово месо, коишто веројатно се и главен извор на многу од новите болести, како коронавирусот“, објави Твитер-профилот под името Брајан Локет.

Најнови вести