Братот на легендарната југословенска актерка Јелисавета Сека Саблиќ е уапсен во Куба поради организација на проституција, заведување на малолетници и ширење на нивните порнографски видеа, пренесуваат српските медиуми.
Синиша Саблиќ е уапсен на 14 декември, а засега актерката не ја потврдува информацијата за српските медиуми.
Според неофицијалните информации тој е уапсен поради заведување на девојки и се занимавал со продавање на цигари и издавање апартмани.
А целиот проблем, како што пишуваат медиумите настанал кога тој сфатил дека некој му краде пари од сефот, па пријавил во полиција.
Инаку претходно тој добил забрана за влез во Куба и бил протеран од земјата, но во декември минатата година тој повторно се вратил кога и му биле ставени лисици на рацете.