вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Братот на Меган Маркл до принцот Хари: Уште не е доцна, откажи ја венчавката

Братот на Меган Маркл до принцот Хари: Уште не е доцна, откажи ја венчавката

Идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл има полубрат како „од ноќен кошмар“.

Откако во една прилика изјави дека свадбата на неговата сестра со принцот Хари го уништила нивното семејство, Томас Маркл Јуниор одлучил по писмен пат да му се обрати на идниот зет и да му порача дека се уште не е доцна да ја откаже венчавката.

Томас на принцот Хари му порачал дека времето истекува, но се уште не е доцна да ја откаже венчавката со жената која ќе го уништи кралското семејство, пренесуваат светските медиуми.

-Не можам да поверувам дека не ја гледаш Меган онака како што ја гледа цел свет. Таа е актерка од Ц категорија која ги губи улогите бидејќи старее и сега сака да стане принцеза, напишал Томас, но тука не запрел.

-Нашиот татко поради нејзината актерска кариера влезе во огромни долгови од кои се уште не се извлекол. Таа не му врати ништо. Сакм процени за каква личност се работи. Своето семејство не го покани на венчавката, а поканува луѓе кои се странци  за неа, додава полубратот на Меган.

Сепак неговиот заклучок е особено интерес бидејќи во истиот тој пишува: „Меган е моето семејство. Иако целосно не заборави, ние сме тука за неа и секогаш ќе бидеме тука.“

Најнови вести