петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брдо пари за забавата: Еве како синот на Бекам ќе го прослави својот 21 роденден

Брдо пари за забавата: Еве како синот на Бекам ќе го прослави својот 21 роденден

Викторија (45) и Дејвид Бекам (44) подготвуваат гала прослава за 21. роденден на нивниот син Бруклин, а како што пренесува британскиот таблоид „Сан“, славниот пар за забавата ќе оддели неверојатни 100.000 фунти, односно 115.000 евра.

Прославата е закажана за 7 март, три дена по датумот кога е роден Бруклин, инаку фотограф во развој кој кариерата ја гради во Америка, каде и живее.

Како што се пренесува, прославата ќе се случи во англискиот Котсволд, на семејниот имот на семејството Бекам.

– Организацијата е во тек и навистина е вложен голем труд за прославата на роденденот на Бруклин – изјави пријател на семејството Бекам за „Сан“.

На прославата ќе присуствуваат Елтон Џон, Гај Ричи, Ката Делавиљ, и секако, девојката на Бруклин, Никола Пелц (25), со која синот на поранешната фудбалска ѕвезда неодамна уживаше на Неделата на модата во Париз.

Најнови вести