четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бредли Купер за зависноста: Минував низ тежок период, пиев премногу и се дрогирав

Бредли Купер за зависноста: Минував низ тежок период, пиев премногу и се дрогирав

Холивудскиот актер Бредли Купер зборуваше за проблемите со зависноста со кои се борел на почетокот на кариерата.

Тој гостуваше во новата епизода на „Running Wild With Bear Grylls“ каде со познатиот авантурист разговараше за животните предизвици и здравствените проблеми.

Актерот меѓу другото изјави и како славата и целиот свет на забавната индустрија влијаеле врз него во текот на неговата децениска кариера.

Купер му рекол на водителот Бер Грилс дека не е „изгубен во славата“, што го поттикна Грилс (49) да праша: „Но, дефинитивно имавте диви години?

-Што се однесува до алкохолот и дрогата, да. Но нема врска со славата, одговори Купер, додавајќи: „Имав среќа. Се отрезнив на 29 години, а трезен сум 19 години, многу сум среќен.”

Најнови вести