Според пишувањата на српските медиуми, ќерката на Зорица Брунцлик, која е во блажена состојба, поради болки итно била примена во болница.
Ја прими доктор Вања Милошевиќ, инаку партнер на пејачката Снежана Ѓуришиќ.
По деталниот преглед таа е стабилна и се следи нејзината состојба.
Да потсетиме, пејачката има четири деца, три ќерки – Марија, Миљана и Злата и синот Ѓорѓе. Таа ја имала Марија во вонбрачна заедница со маж непознат за јавноста, кога имала само 18 години. Се пишуваше дека Марија живее во лоши услови и дека пејачката не се грижи за неа, но и двете демантираа.