вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бремената ќерка на починатиот хрватски пејач доживеа сообраќајка: Бебето само што не го донесе на свет, а откри што се случило со него

Бремената ќерка на починатиот хрватски пејач доживеа сообраќајка: Бебето само што не го донесе на свет, а откри што се случило со него

Блогерката Ела Дворник која е ќерка на починатиот хрватски пејач Дино Дворник на социјалните мрежи откри дека доживеала сообраќајна несреќа во станицата за технички преглед.

„Додека чекав на станицата за технички преглед, возач кој излегуваше од паркингот се заби во нашето ново возило. За среќа се решивме човечки и без никакви испади. Никој не е повреден, а јас скоро се породив“, појасни Ела во видеото кое го објави по несреќата.

Инаку за потсетување блогерката во минатото свое видео на фановите им зборуваше за породување со царски рез и како се чувствувала по породувањето со првото дете и дека поради морфиумот и анастезијата по породувањето зборувала глупости и губела свест.

-Имав чувство дека не можев да дојдам на себе, но не чувствував болка. На момент имав губење на помнењето, не знаев дека имам родено и кога ми ја донесоа Бали го прашав сопругот Чарлс зошто ми донеле друго дете. Тој ми одговори дека тоа е нашето дете. Зборев глупости и прашував зошто така плаче и зошто е толку мала, збореше во минатото Ела по царскиот рез за кој вели дека не се ни познава денес.

Најнови вести