недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бремената Кортни Кардашијан завршила во болница: Нејзиниот сопруг веднаш ја прекина турнејата

Бремената Кортни Кардашијан завршила во болница: Нејзиниот сопруг веднаш ја прекина турнејата

Тревис Баркер мораше да ја откаже турнејата со „Blink-182“, откако неговата бремена сопруга Кортни Карадашијан заврши во болница. Бендот во петокот објави дека го одложува почетокот на серијата концерти во Европа поради „итна семејна ситуација“ на нивниот тапанар.

Кортни Кардашијан помина кратко време во болница пред да се врати дома во Лос Анџелес, изјавил извор за „People“. „Таа се чувствува подобро и е среќна што Тревис се врати дома“, додаде инсајдерот. Засега не е познато зошто Кортни побарала лекарска помош. Таа била фотографирана како излегува од болница со сопругот во саботата.

Поради итна семејна ситуација, споменатиот бенд ги одложи настапите во Глазгов, Белфаст и Даблин и порачаа дека во најбрз можен рок ќе излезат со нови информации. Во меѓувреме, Тревис објави слика од аеродромот во Глазгов со натпис: „Ајде да се молиме заедно“ додека Кортни се повлекла од социјалните мрежи.

Кортни Кардашијан, која летово беше „мета“ на папараците и Тревис Баркер се венчаа во 2022 година, а во јуни објавија дека очекуваат син. Телевизиската ѕвезда ја покажа својата борба повторно да остане бремена во реалното шоу на „Hulu“. Таа има три деца од врската со Скот Дисик, а пак музичарот има ќерка и син од претходниот брак.

Најнови вести