Актерката Александра Томиќ се огласи на социјалните мрежи откако вчера медиумите пишуваа дека е итно хоспитализирана во болница поради високоризична бременост.
Имено, вереницата на Андрија Милошевиќ на својот Инстаграм профил објасни дека се работи само за редовна контрола.
-Не ми ги плашете родителите и пријателите. Немам никаква високоризична бременост, ниту сум примена. Дојдов на некои обична анлиза, напиша Александра на објавеното „стори“.
Парот е заедно десет години, а ова ќе биде нивното прво дете.