вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бремената Ријана во атрактивно издание ја претстави својата нова колекција на долна облека (ФОТО)

Бремената Ријана во атрактивно издание ја претстави својата нова колекција на долна облека (ФОТО)

Поп- ѕвездата Ријана неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои позира во долна облека.

Бремената пејачка со атрактивни фотографии ја најави новата колекција од својот бренд „Savage x Fenty“.

За таа прилика пејачката одлучила да позира во соба со материјали за шиење, а била облечена само по долна облека.

Со фотографиите Ријана привлекла огромно внимание кај своите фанови, но на многумина не им се допаднало ова нејзино ново издание, па ѝ порачале повеќе да внимава на тоа што носи затоа што сега таа е веќе мајка.

Ријана и во текот на првата бременост често беше мета на критики поради начинот на којшто се облекуваше зошто често го откриваше својот труднички стомак и носеше атрактивни модни комбинации. Но, таа и тогаш зборувала дека не сака да купува облека која е наменета за бремени жени.

Да ве потсетиме, Ријана со својот партнер АСАП Роки го очекува второто дете. Синот RZA Athelston Mayers го роди во мај минатата година, така што веста за нејзината втора бременост изненади многумина.

Најнови вести