Младата пејачка Аџела Игњатовиќ попозната како Бресквица по раскинувањето со раперот Војаж не патеше долго па пронајде нова љубов.
Парот неодамна беше „фатен“ како разменува нежности и бакнежи во јавноста, по што младата пејачка се уште се нема огласено.
Иако до сега во јавноста се шпекулираше за кого станува збор, на српските медиуми не им требаше многу време за да откријат дека станува збор Никола С кој е постар од Бресквица.
Тој е вработен во полиција како член на интервентната единица и работи како обезбедување на ноќен клуб.
Судејќи по насмевката на двајцата тие се многу заљубени, а дали љубовта ќе потрае останува да видиме.