Британската кралица Елизабета Втора во своја сопственост има предмет, за кој легендите велат дека додека го поседува жена, сѐ ќе биде во ред. Кох-и-Нур или „Брдото на светлината“ долго време бил најголемиот дијамант на светот.
Тој припаѓал на бројни хиндуски, монгулски, ирански, авганистански и британски владетели, кои жестоко се бореле за него, често земајќи го како воен плен после војните.
Во 1877 година станал кралска сопственост, кога кралицата Викторија станала царица на Индија.
Каменот денес се наоѓа во склоп на круната на крализата Елизабета Втора. Се верува дека Кох-и-Нур настанал во индиската покраина Андхра Прадеш, заедно со својот близнак Дарја-је-Нур „Море на светлината“ и дека со себе го носи проклетството кои ги погодува мажите кои го носат.
Секој маж кој го имал овој дијамант кај себе или го губел пиштолот или му се случувала трагедија, а приказните поврзани за проклетството на овој дијамант се јавуваат уште во старо хинуско време.
Како потврда за оваа легенда е кралицата Викторија која станала првиот монарх кој го носела и преживеала.
После неа овој камен никогаш не бил носен од машки владетел.