четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Британскиот глумец се отрул со никотин при снимање филм

Британскиот глумец се отрул со никотин при снимање филм

Британскиот глумец Бенедикт Камбербач за магазинот „Есквајер“ (Esquire) изјави дека улогата на селанец  кој постојано пуши во филмот „Power оf the Dog“ му била исклучително тешка.

-Три пати се отрув со никотин. Навистина е страшно кога треба толку многу да пушите пред камера!, нагласува актерот.

Камбербач глуми сопственик на најголемиот ранч во американската сојузна држава Монтана. Како што раскажува глумецот, тој пушел нефилтрирани цигари и тоа го направил за целосно да влезе во ликот.

-Сакав луѓето во собата „да ме помирисаат“. Сепак, беше тешко, рече тој.

Камбербач откри со нетрпение и малку трема го очекува продолжението на „Доктор Стрејнџ“ во 2022 година, во коешто повторно ќе се појави во главната улога. – Се плашам бидејќи првиот филм постигна огромен успех, а доктор Стрејнџ стана многу сакан лик, изјави глумецот.

Според истражување објавено во февруари, една сосем друга улога на Камбербач – Шерлок Холмс е најпопуларниот британски херој на сите времиња, меѓу гледачите на Би-би-си. (МИА)

Најнови вести