Животниот сон на Холи Медисон бил да „освои“ место во Плејбој вилата, а на тоа работела со години. Поранешната келнерка – која денес наполни 43 години – не можела да поверува кога конечно се вселила и станала девојка „број еден“ на шефот на Плејбој, Хју Хефнер. Но, се покажало дека фантазијата е многу различна од реалноста.
Холи признава дека се чувствувала „исплашена и засрамена“ откако учествувала во сесиите за групен секс и вели дека траумите и останале. Плејбој зајачицата била главна партнерка на Хефнер шест години, но тврди дека зад сјајот и гламуротна покојниот Хефнер се крие „сурово манипулативен“ човек кој и ја одзел самодовербата.
-Бајката во која Хеф би сакале да верувате дека беше всушност изопачен, отруен затвор. И го знам тоа затоа што поминав шест години како девојка број еден на маж доволно стар за да ми биде дедо, рече Холи, која имала само 21 година кога била со Хефнер во 2001 година.
-Како би можела да оправдам такво нешто? Тука сум за авантура, искуство кое се случува еднаш во животот. Тука сум затоа што ова е отскочна даска кон нешто друго, си реков. И тогаш можеби најголемата илузија во која верував беше: „Тука сум за љубов“, вели таа.
Во нејзината биографија од 2015 година „Down the Rabbit Hole“, русокосата ѕвезда опишува како првпат го запознала Хефнер откако добила покана за забава на Плејбој додека работела како келнерка.
Кога успеала да присуствува на една од забавите, вели дека потоа се прашувала зошто девојките изгледале трауматизирано.
-Никогаш не можев да го разберам нивниот недостаток на ентузијазам. Прво претпоставував дека се разгалени, изморени. Можеби ова звучи наивно, но не сфатив дека всушност мораат да спијат со него, вели Холи.
Набрзо Хефнер ја поканил на клубска вечер со уште шест жени. Таа тврди дека тогаш Хефнер ѝ понудил апчиња за смирување објаснувајќи дека тие биле наречени „отворувачи на бутовите“ во 1970-тите. Таа одбила, но додека го напуштале клубот, една од девојките ја предупредила дека Хефнер очекува да му се придружи во кревет. Не сакајќи да навлегува во деталите за тоа што се случило потоа, Холи признала дека била пијана и следното утро се разбудила „исплашена и засрамена“.
Набрзо и станало јасно дека животот во вилата е многу поинаков од она што таа го замислувала. Девојките морале да присуствуваат на ноќните дружења во клубот во среда и петок, проследено со вечера на шведска маса и кино вечер во сабота, како и забава на базен во недела. Кога имале слободни денови, девојките морале да се вратат во вилата до 21 часот.
Холи вели дека нејзините нивоа на траума биле толку високи што почнала да пелтечи. Тврди дека употребата на дрога била неконтролирана.