„Брутално го убиле, па го оставиле на улица“: Познатата пејачка скршена од болка
watch_later
31. октомври 2019. @
12:31 timelapse 5 мин.
Пејачката Никол Шерцингер на својот инстаграм профил соопшти тажна вест.
Нејзиниот братучед Џон Федерик бил убиен на 26 октомври во Флорида,а сторителот побегнал од местото на злосторството и полицијата се уште трага по нив.
„Ова е како кошмар за мене од кој никогаш нема да се разбудиме. Со тешка болка во срцето се збогувам од мојот братучед. Во саботата во 3 наутро му е одземен животот во Флорида, Моето семејство поминува низ агонија, дека некој го удрил по глава и го оставил на улица така да умре“ напишала Никоол.
Пејачката напишала дека светот бил поубаво место додека тој бил жив.
„Кој и да го направил тоа, го молам да има сила и достоинство и да се пријави сам“ апелирала пејачката.
Семејството нуди и парична награда за да добие информации за несреќата.