петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бугарската актерка добивала панични напади пред снимањето на секоја сцена од филмот „Борат 2“

Бугарската актерка добивала панични напади пред снимањето на секоја сцена од филмот „Борат 2“

Марија Бакалова откри дека „срцето ѝ чукало како лудо“ за време на нејзината „скандалозна сцена“ со Руди Џулијани во „Борат 2“.

Бугарската актерка се појави заедно со Саша Барон Коен во продолжението на комедијата, како Тутар Сагдиева – ќерка на алтер-егото на Саша, Борат, и се сеќава како „полудела од страв“ додека се претставувала како новинарка.

– Тој беше адвокат на претседателот, а тие луѓе обично се поприлично паметни. Не сум сигурна дека го видов тоа како што го гледаа сите други. Саша се криеше во плакар, обидувајќи се да ја спаси својата ќерка – но тој ме спаси мене, Марија! Како продуцент и творец, тој е и мојот учител и ангел чувар, раскажува таа.

Признавајќи дека улогата на Тутар била вистински предизвик за неа, таа сподели дека имала панични напади пред секоја сцена. Глумицата откри дека имала мало искуство во работење на комедии пред да биде фрлена „во длабочините“.

– Половина од мојот живот го посветив на глумата. Но, повеќето улоги што ги играм беа драматични – од бремени тинејџерки возраст до самоубиства. Значи, комедијата не беше моја работа, вели Марија.

Следната нејзина улога е во комедијата на Џад Апатиу – „Меурот“ и вели дека „Борат 2“ добро ја подготвил за проектот.

Најнови вести