среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бујното деколте и направи проблеми,па го покри со рацете – дополнителни неволји и приреди и новото контраверзно момче

Бујното деколте и направи проблеми,па го покри со рацете – дополнителни неволји и приреди и новото контраверзно момче

Само два дена откако нејзиното ново момче Метрун Ган Кели беше фатено како излегува од ноќен клуб со неговата асистентка Оливија Стоун и откако започнаа гласините дека тој веќе ја изневерува, актерката Меган Фокс беше снимена во соло прошетка додека се движеше кон еден од познати ресторани во западен Холивуд.

Меган (34) имаше ситни проблеми со бујното деколте во црната блуза што ја носеше, па во еден момент мораше да ги држи градите со рацете за да не им покажува на фотографите повеќе отколку што би сакала. Иако во тоа време имаше сериозен израз на лицето и не изгледаше добро расположено откако фотографиите на Мачин и Оливија беа објавени во јавноста, актерката и раперот беа снимени еден ден подоцна на заеднички ручек во Малибу.

Нивната врска изгледа многу сериозна од самиот почеток, па однесувањето на раперот изненади некого, но извори блиски до нив тврдат дека парот е подготвен да ја подигне врската на повисоко ниво.

– Тие планираат да се свршат и да се венчаат откако ќе се финализира нејзиниот развод со Брајан Остин Грин. Тие се многу за заљубени, имаат силна и интензивна врска, изјави анонимен извор за E Magazine пред една недела.

Меган и Брајан раскинаа во ноември минатата година, кога таа официјално поднесе барање за развод. Таа го запозна Машин на снимање на музичко видео и оттогаш, барем досега, се одвојуваат само во ретки моменти.

Најнови вести