сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца му пеела на МИЛИОНЕР од Швајцарија: Ја пречекале како кралица, а еве колку искеширал богаташот! (ВИДЕО+ФОТО)

Цеца му пеела на МИЛИОНЕР од Швајцарија: Ја пречекале како кралица, а еве колку искеширал богаташот! (ВИДЕО+ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ минатиот викенд била специјална гостинка на роденденска забава на еден милионер од Швајцарија.

Станува збор за Тео Корач (31) со потекло од Црна Гора, кој со години живее и работи во Цирих. Бизнисменот организирал спектакуларен пречек за најголемата балканска ѕвезда. Таа во земјата пристигнала со авион, и тоа во бизнис класа, додека на аеродромот ја чекала луксузна лимузина. Била сместена во еден од најскапите хотели, во луксузен апартман.

Цеца на социјалните мрежи сподели како се забавува на приемот, но не и кај кого пее. Како што пренесуваат медиумите, Тео е голем обожавател на српската ѕвезда и имал желба токму таа да го разубави неговиот роденден. Забавата се одржала во познат ресторан во центарот на Цирих, и тоа за кремот на швајцарската, српската, хрватската и црногорската елита, пренесуваат српските медиуми.

Балканската ѕвезда својот настап го започнала во 23 часот, а точно на полноќ му го честитала триесет и првиот роденден и му посакала сѐ најдобро во животот. Кога го запеала хитот „Београд“, сите гости ги кренала на нозе, а славеникот постојано бил покрај неа и наздравувал.

Тео Корач не се штедел за својот роденден, па прославата го чинела, како што тврдат негови познаници, повеќе од 100.000 евра. Цеца пеела еден час и потоа им посакала на гостите да продолжат да се забавуваат. Домаќинот ја испратил ѕвездата до врата и ѝ се заблагодарил што му ја збогатила прославата. Инаку тој на сите гости што дошле од поранешните југословенски републики им платил авионски карти и сместување.

Забавата траела до раните утрински часови.

Најнови вести