Аргентинската водителка на локалната телевизија „Канал 26“, Ромина Маласпина со својот сексапилен изглед ги полуде гледачите покрај малите екрани.
Имено, таа на телевизија водеше емисија без градник.
Во последните 24 часа водителката успеа да допре до бројни медиуми ширум светот кои го коментираат нејзиниот провокативен изглед.
Атракативната Ромина во емисија зборуваше за економија во проѕирна блуза под која се гледа дека нема ништо. Таа со ова издание успеа да го привлече вниманието на гледачите, а денес повеќето зборуваат за нејзиниот стајлинг во емисијата отколку она што го кажа.
Водителката стана популарна во 2015 година кога учестуваше во „Големиот брат“ каде што успеа да го привлече вниманието на медиумите. Потоа се занимаваше со манекенство.
Таа се проба и во други реални шоуа како што се „Doble Tentacion“ во Чиле и „Survivor“ во Шпанија. Ромина имала понуда за работа во САД, но пандемијата со коронавирусот и ги поремети плановите па остана во Аргентина.