петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цел свет „вреска“ од смеа поради оваа снимка: Обожавател го замоли Чарлс да излезе на пиво со него, а одговорот на кралот е урнебсен! (ВИДЕО)

Цел свет „вреска“ од смеа поради оваа снимка: Обожавател го замоли Чарлс да излезе на пиво со него, а одговорот на кралот е урнебсен! (ВИДЕО)

Кралот Чарлс Трети изминативе денови ја изненади јавноста со своите експлозивни реакции, но сега докажа дека има и смисла за хумор. Впрочем, на интернет сега на големо се споделува видео старо неколку месеци, на кое тој на шега одговара на покана за пиво што му ја испратил граѓанин.

Во видеото објавено на ТикТок, Чарлс им мафта на толпата надвор од замокот и потоа е поканет на пијачка од еден обожавател од толпата.

– Чарлс, сакаш ли на пиво? – му викал граѓанинот, а Чарлс потоа го замолил да го повтори прашањето бидејќи не го слушнал добро.

Кога го разбрал прашањето, веднаш се насмеал и одговорил со прашањето „каде“, на што сите присутни се насмеале.

@andrewgould6 go for beer Charles #prince #king #goforbeer #laugh #ask #question #lol #royal #charles #princecharles #commenwelthgames #birmingham #birmingham2022 #birminghamuk ♬ original sound – Andrew Gould

– Мораш да ми препорачаш некое место, му кажа Чарлс.

Многумина искоментираа дека е многу приземна личност и дека има ист смисол за хумор како и покојната кралица Елизабета Втора.

– Чарлс изгледа како пријатна и приземна личност.

Другите додадоа да порано воопшто не им се допаѓал, но веќе почнал да им станува драг.

Најнови вести