среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цела Европа се мајтапи со водителката на Евровизија – се пресоблече три пати, а Ѓоковиќ е нејзин голем фан, но не ја ангажирал на свадба поради цената!

Цела Европа се мајтапи со водителката на Евровизија – се пресоблече три пати, а Ѓоковиќ е нејзин голем фан, но не ја ангажирал на свадба поради цената!

Италијанската пејачка Лаура Паузини се пресоблече трипати за време на првата вечер на Евровизија.

До самиот крај на првата полуфинална вечер во Торино, водителите Алесандро Кателан, италијанската пејачка Лаура Паусини и Мика ги придружуваа натпреварувачите. Голем впечаток остави стилот на италијанската пејачка Лаура.

За време на шоуто, таа смени три фустани на модниот дизајнер Пјер Паоло Пичоли и креативниот директор Валентино. Како што истакна Пјер за италијанскиот Вог, сите три креации се направени за Лора и секоја на свој начин го отсликува нејзиниот дух.

Иако станува збор за високата мода од модната куќа на Валентино, чии свети начини на создавање не се доведуваат во прашање, не можеме да не забележиме дека нешто во синоќешниот изглед на Лаура беше дискутабилно. Пред сѐ, треба да се напомене дека сите три креации имаат едно нешто заедничко – розовата боја. Исти по боја, но различни по крој, најголем впечаток остави третиот фустан на Валентино, а тоа веднаш го забележаа корисниците на социјалните мрежи кои почнаа да го коментираат.

„Гардеробата на Лаура Паузини“, комбинацијата на облека не ѝ се допадна и на друга корисничка:

Инаку голем фан на водителката е и тенисерот Новак Ѓоковиќ кој посака да му пее на неговата свадба со Јелена во 2014 година, но наводно таа му побарала 220 илјади евра, па се откажал од ангажманот.

Најнови вести