Хрватските медиуми никако да престанат да пишуваат за сопругата на еден од најдобрите нивни репрезентативци која во Русија го привлече најголемото внимание по заминувањето на претседателката Колинда Грабар Китаторивќ.
Поранешната манекенка и кралица на Хрватска за 2014 година, Ивана Гугиќ минатата година се омажи за хрватскиот репрезентативец Домагој Вида и од тогаш се почесто е на мета на новинарите во Хрватска и регионот.
Ивана претставува атракција на СП, а на стадионите во Русија секогаш доминира со провокативните дресови на „коцкестите“.
Вечерва инаку Хрватска го игра второто полуфинале од СП против Англија, а дали манекенката ќе доминира и вечерва на стадионот во Москва останува да видиме.