Одри Хепберн не само што беше одлична актерка, туку инспирираше генерации млади жени со својот стил. Таа успеа да ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот и стана една од најпознатите дами во историјата на шоу-бизнисот.
Таа беше позната по својата витка линија и убавина, а еве што ни пренесува магазинот „People“ кога е во прашање нејзината исхрана.
– Луѓето често мислеа дека Одри има некаков вид на пореметување во исхраната, но тоа не е точно – рекол нејзиниот син Лука Доти.
– Сакаше италијанска храна и тестенини. Таа јадеше многу житарки, а не многу месо. Jадеше по малку од сè.
Роберт Волдерс, холивудскиот актер со кој Хепберн беше во врска од 1980 година до нејзината смрт во 1993 година, изјавил дека никогаш не била на диета, туку многу вежбала и уживала во чоколадо и виски.
– Имаше здрав метаболизам. Никогаш со ништо не претерувала и не држела диета – изјавил Роберт на почетокот на нивната врска.
– За појадок имавме кафеав леб со џем, ручекот ни беше пилешко, телешко или тестенини, често со зеленчук од градината, а за вечера често јадевме пилешко и супа од зеленчук. Тоа не значи дека не можеше малку да се опушти, по вечерата сакаше да јаде чоколадо и да пие малку виски, рекол Роберт.
Актерката беше голем љубител на јаглени хидрати.
– Беше луда по тестенини – се присетува нејзиниот син Лука во интервју за магазинот „Пипл“.
– Омилени и беа „шпагети ал помодоро“, кои ги готвеше речиси секоја недела. Нејзини апсолутни омилени се шпагети со сос од домати. Од тоа можеше да живее, истакна на крајот.