Пејачката Едита Арадиновиќ ја раскина четиригодишната врска со момчето кое никогаш не го покажа јавно и за кое последниве месеци зборуваше се најдобро во медиумите.
Во екот на промоцијата на новиот албум, чија цел е да ја освои титулата поп албум на годината, Арадиновиќ срдечно одговараше на прашањата на „седмата сила“ за силата на нејзините емоции кон нејзиното момче, кое и беше инспирација за бројни мелодии и текстови од ЦД-то.
Во меѓувреме раскинаа, а Едита со кратка изјава ја потврди информацијата за раскинувањето.
-Мислам дека не е ништо чудно двајца луѓе да раскинат после одреден период и да останат во пријателски односи. Му посакав се најдобро, како што ми посакува и тој мене, рече Едита за ПИНК.РС.