Пејачката Катарина Грујиќ последните недели е во фокусот на јавноста, која не престанува да го коментира нејзиниот физички изглед по породувањето.
Да потсетиме, Кача стана мајка пред точно четири месеци. Таа и нејзиниот сопруг Марко Гобељиќ станаа родители на девојчето кое го нарекоа Катја, а пејачката набрзо им се врати на настапите, но и на тренинзите кои дадоа зачудувачки резултати.
Пејачката сега објави фотографија од теретана и по тој повод ги истакна бујните гради како и рамниот стомак.
-Се здебелив околу 14 килограми во бременоста што мислам дека е сосема нормално, жената колку и да се здебели во бременоста е нормално. Што и да ви се јаде, треба да јадете. Така правев, но јас сум некој што сака да се храни здраво, не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам, изјави претходно Катарина.