Од Маријана Зајферт, поранешната учесничка на реалното шоу која исчезна пред четири месеци, се уште нема ни трага ни глас. Истрагата веднаш била насочена кон Сава бидејќи на загрепскиот мост на младоста биле пронајдени нејзините работи – чанта и мобилен телефон.
Потрагата деновиве се интензивираше поради нискиот водостој на Сава. Откако нејзините родители дознаа дека нивната ќерка исчезнала, во нивните животи се вовлекоа страшни превирања.
-Не можам да ви опишам како се чувствувам. Четири месеци не знам каде е моето дете, каква е нејзината судбина. Не сакам никој да ја доживее оваа агонија низ која поминуваме. Тоа е најлошото, најстрашното нешто што човек може да го доживее, изјави за „Проверено“ мајката на исчезнатата Маријана, Гордана Ковачевиќ.
-Ниту мир во куќата, ниту мир во срцето. Ништо не ми причинува задоволство. Спијам два часа навечер, избегнувам друштво. Мојата сопруга два и пол месеци не излегуваше од дома, едноставно не излезе од вратата, изјави таткото на Маријана, Иво Ковачевиќ.
Родителите на Маријана имаат само една желба.
-Само да ја најдам. Таа е мое дете, каква и да е, таа е мое дете, рече низ солзи Гордана.