петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Читачи од усни откриваат што рекол принцот Хари на крунисувањето на Чарлс: На кралското семејство нема да му се допаднат неговите зборови

Читачи од усни откриваат што рекол принцот Хари на крунисувањето на Чарлс: На кралското семејство нема да му се допаднат неговите зборови

Откако ги анализираа снимките од крунисувањето на кралот Чарлс Трети, читачи од усни открија што им кажал принцот Хари на роднините кои седеле до него.

Тој се пожалил дека му е преку глава од лошиот третман кој го добил за време на крунисувањето на неговиот татко.

-Доста ми е од начинот на кој се однесуваат со мене, наводно рекол Хари додека разговарал со сопругот на неговата роднина, принцезата Евгенија, Џек Бруксбенк.

Не е јасно на кого точно се жалел, иако се шпекулира дека мислел на својот брат и татко, пред се поради сите тензии околу неговата одлука да се повлече како активен член на кралското семејство и да објави високо критички мемоари и документарен филм.

Сепак, постои и можност тој да зборува и за медиумите бидејќи е на суд со неколку медиумски куќи, меѓу кои и Дејли Меил и Мејл он Сандеј.

Како што понатаму се наведува, сопругот на неговата братучетка го прашал дали и како може да му помогне.
Хари одмавнал со главата.

Инаку, Хари остана близок само со Евгенија и нејзиниот сопруг, додека неговите односи со брат му Вилијам и таткото Чарлс никогаш не биле полоши. Неговото појавување во Вестминстерската опатија следи по неколкумесечни шпекулации дали тој и Меган Маркл ќе присуствуваат на церемонијата.

На крајот, Меган одлучила да остане во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија, со двете мали деца Арчи и Лилибет.

Најнови вести