Австралиецот Сајмон Доранте-Деј (56) со години се обидува да ја убеди јавноста дека е син на кралот Чарлс Трети (73) и кралицата Камила (75), а сега овој човек, чие средно име е Чарлс, бара и ДНК анализа за да ги потврди своите тврдења пред сите. Сајмон е роден на 5 април 1966 година во Хемпшир и живее во Австралија. Семејството во кое бил израснат го посвоила кога имал само 18 месеци. Неговата посвоена мајка била Винифред, поранешна вработена кај кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Таа наводно многу често му кажувала за неговитеродители, а јасно го открила нивниот идентитет. Роден е кога Чарлс имал 17, а Камила 18.
Инаку, Доранте-Деј со својата приказна дека е син на кралот Чарлс и кралицата Камила излезе во јавноста во 2019 година, а потоа тврдеше дека бил убеден дека е зачнат за време на првата афера на кралската двојка кога Чарлс имал само 17 години и Камила имла 18 години. Своите тврдења дека припаѓа на кралското семејство ги поткрепи со фотографии од младоста на кои има неверојатна сличност со кралот и војвотката од Корнвол. Наводно, и покојната принцеза Дијана била свесна за фактот дека тој е вонбрачен син на кралската двојка.
– Верувам дека принцезата Дијана знаеше дека постојам и дека ги „склопуваше коцките“. Мислам дека наоѓаше се повеќе одговори за нејзиниот живот, за тоа какво зло и е направено и сакаше да излезе во јавноста со тоа пред нејзината смрт – изјави Сајмон за австралиското списание New Idea.
Да потсетиме, Чарлс зад себе има пропаднат брак со принцезата Дијана со која беше од 1981 до 1996 година. Во бракот имаа два сина, Вилијам и Хари. Осум години по смртта на принцезата Дијана, Чарлс се оженил со Камила, во која бил вљубен уште од раната младост.