четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Да сакав да го сокријам, немаше да се појавам на јавно место со него: Ирена Спировска го покажа партнерот (ФОТО)

Да сакав да го сокријам, немаше да се појавам на јавно место со него: Ирена Спировска го покажа партнерот (ФОТО)

Една од нашите најубави и најангажирани водителки Ирена Спировска е среќно вљубена. Спировска неодамна во друштво на својот партнер се појави на модна ревија на домашен дизајнер, пренесува „1ТВ“. Според информациите на телевизијата, Спировска и партнерот за кој велат дека е од Велес се држеле за рака за време на ревијата, што е забележано на фотографијата.

Спировска е позната како личност која не го експонира својот приватен живот.

„Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена за Женски магазин.

Фото: 1ТВ

Спировска, која сега е на позицијата маркетинг директор на Алфа Тв, во претходно интервју за Женски магазин изјави дека свесно или несвесно, сите овие години љубовниот живот го ставила на маргините.

„Бев фокусирана на други нешта, на работата, многубројните ангажмани. Сепак верувам дека секој од нас има своја идеална половина која ќе сретне порано или подоцна во животот“, изјавила Ирена во октомври во 2017 година.

Најнови вести