среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Даде брдо пари, а истиот фустан го имаше принцезата Дијана во нејзината колекција – особено високите потпетици на војвотката не вредат за цената

Даде брдо пари, а истиот фустан го имаше принцезата Дијана во нејзината колекција – особено високите потпетици на војвотката не вредат за цената

Војводата и војвотката од Кембриџ ја завршиле својата осумдневна карипска турнеја, а Кејт ги напуштила Бахамите во романтично, интересно издание што го подели модниот свет: Додека некои ги потсетило на минатите среќни времиња, многумина сметаат дека е многу старомодно.

Убавата Британка се качила во авион во фустан со цветен дезен и жолто-бели тонови што го потпишува дизајнерката Алесандра Рич, а цената на оваа креација изнесува речиси 2.000 евра.

Романтичната, женствена тоалета од свилен жакард го краси и пеплум-детаљ, кој на Кејт визуелно ѝ ја пополнил фигурата, како и светкави копчиња, шнола на појасот и панделка во пределот на деколтето.

Целиот стајлинг изгледал како да украден од 1980-тите, а британските медиуми пишуваат дека со ова издание војвотката сакала да ѝ оддаде почест на својата покојна свекрва, принцезата Дијана. Имено, фустанот неверојатно потсетува на оној што Дијана го носела во 1983 година, за време на својата прва кралска турнеја, кога со принцот Чарлс ја посетила Австралија.

Кејт го надополнила изданието со бели салонки од мазна кожа со потпис на брендот „Џанвито Роси“, а нивната цена е 650 евра, како и со огнено скапи дијамантски обетки од неверојатни 4.000 евра!

Инаку, британските медиуми пишуваат дека војвотката за време на оваа турнеја носела исклучиво нова гардероба, микс од парчиња на врвни дизајнери и пристапни брендови, а вкупната вредност на целата облека е проценета на околу 42.000 евра.

Најнови вести