Магазинот Пипл за оваа година, меѓу бројни светски убавици, ја прогласи пејачката Пинк за најубавата жена на светот.
Пред неа оваа титула ја понеле Никол Кидман, Џулија Робертс и Кејт Хадсон, а оваа година на насловната страница освана Пинк со своите две деца, петгодишната Волоу Сејџ и едногодишниот Џејмс Мун.
Во интервју со Елен Деџенерис открива како се чувствува како добитничка на оваа.
-Умрев од смеење. Ги прашав сите кои беа околу мене и ги прашав дали некогаш полислиле дека може да биде подобро од ова, вели Пинк.
Сепак, се пошегувала дека за ова прогласување сепак се заслужни нејзините деца, но заклучила дека ѝ се допаѓа дека се менуваат стандардите за убавина.
-Не мислам дека на 13-годишната јас би ѝ било гајле, но ми се допаѓа како се менуваат работите. Ми се допаѓа дека перцепцијата на убавината се свртен наопаку. Нема ништо лошо во убавината и нема ништо лошо во внатрешната убавина. Внатрешната убавина доаѓа во различни бои и величини. Убаво е се што ви е вам убаво, рекла Пинк.
Елен ѝ честита и ѝ врачи букет цвеќе како на вистинска кралица на убавината.